Издавачката куќа „Бегемот“ ја објави книгата „Продавниците со боја на цимет/Санаториумот во знакот на Клепсидрата“ од мајсторот на расказот и авангардната литература, полскиот автор Бруно Шулц. Се работи за две збирки раскази, содржани во едно интегрално издание, во превод на Лидија Танушевска

„Продавниците со боја на цимет“ и „Санаториумот во знакот на Клепсидрата", се збирки раскази коишто ги раскажуваат семејните случки на трговско семејство од едно мало гратче, каде што не е тешко да се забележи сличноста со Дрохобич, родниот град на писателот. Авторот на тие случки им додава митолошки вредности, што е карактеристичен Шулцов начин на изразување – честопати визионерски, ониричен и поетски. Па, така, тоа е „митологизирана реалност, преработена од фантазијата, артистички деформирана и збогатена огромен број однесувања или алузии до многубројни литературни дела, до возвишените митови, до другите поегзотични подрачја на реалноста“.















Коментари